Властите на САД официјално ги негираа слуховите за можното откажување на посетата на Барак Обама во Русија поради поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, пренесува РИА Новости.
Пораката дека Обама може поради Сноуден да ја откаже својата посета во Русија во септември е грешна, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Бернадет Михан.
„Тоа не е точна порака. Претседателот Обама сака да ја посети Русија во септември“, изјави Михан.
Претходно весникот „Комерсант“ извести дека Обама може да ја откаже својата посета во Москва во почетокот на септември ако Сноуден сѐ уште се наоѓа тогаш во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче