The Washington Post: Иднината на Русија изгледа сѐ порепресивна

Кон крајот на минатата недела стана јасно дека иднината на Русија изгледа сѐ повеќе репресивна, пишува The Washington post.

Кон крајот на минатата недела стана јасно дека иднината на Русија изгледа сѐ повеќе репресивна, пишува The Washington post. Како што смета весникот, руските власти ги користат своите ресурси (полицијата, судовите, законодавната власт и новинарството) за да ги замолчат оние кои не е согласни со власта.

Според мислењето на весникот, минатата недела беше богата за раководството на државата: единствениот познат опозициски лидер Евгениј Урлашов беше уапсен поради корупција, а обвинителите побараа шест години затвор за „блогерот-крстоносев“ Алексеј Наваљни.

Како што изјави експертот од Карнеги Центарот, Лилија Шевцова, новиот режим во Русија е основан на новиот принцип на „апсолутна верност“. „Вие не можете да се сомневате. Вие не можете да критикувате, дури и меко. Вие треба да се потчините“, изјави таа.

 Освен тоа, како што пишува весникот, во последнава година рускиот парламент постојано усвојувал „репресивни“ закони, вклучувајќи закони за заштита на чувствата на верниците и за невладините организации. А минатата недела претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша закон за забрана на хомосексуалната пропаганда меѓу лицата под 18 години, како и забрана за посвојување за деца од хомосексуални парови, пишува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња