До крајот на оваа година Руската воена морнарица ќе добие 36 нови бродови. Ова го соопшти заменикот на командантот на руската воена морнарица, вицеадмиралот Алесандар Фјодотенков.
„Во овие две години Руската воена морнарица ќе добие 36 воени бродови, корвети и помошни бродови. Никогаш порано волкав број бродови не се вклучени во морнарицата за една година“, изјави Фјодотенков, а пренесува РИА Новости.
„Бродовите на Руската воена морнарица денес извршуваат задачи во сите реони од светскиот океан. Се работи со преку 60 бродови кои моментално се наоѓаат на задачи на отворено море“, истакна заменикот на главниот командант.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче