Граѓаните на Владивосток направија „живо“ знаме на Русија и влегоа во Гинисовата книга на рекорди

Во Гинисовата книга на рекорди ќе биде запишан рекордот на 26.904 жители на Владивосток кои на 7 јули создадоа „живо“ знаме на Русија, со што го надминаа досегашниот пакистански рекорд на кој учествувале 24.200 луѓе.

Оваа голема флеш-моб акција под името „Го сакам Владивосток“ е одржана на Златниот мост кој се издига преку заливот Златен рог. 12.000 учесници на акцијата на своите тела напишаа "I Love Vladivostok", а речиси 27.000 граѓани од другата страна на мостот пет минути држеа црвени, сини и бели знаменца, со што го создадоа знамето на Русија.

Гинисовиот сертификат со впишан рекорд е врачена на градоначалникот на Владивосток, Игор Пушкарев, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња