Два руски навигациски сателита ГЛОНАСС ќе бидат лансирани од космодромот Плесецк во текот на оваа есен, пренесува генералниот директор и конструктор, Николај Тестоедов.
„Во декември од Плесецк ништо не планиравме да лансираме, но оваа година планираме да лансираме уште два ГЛОНАСС сателита за да се пополни групата сателити. Неопходното количество сателити ние ќе го ставиме на орбита во текот на следните четири месеци, т.е. до октомври. Првиот сателит ГЛОНАСС планираме да го лансираме на почетокот на септември, а вториот кон крајот на октомври“, рече Тестоедов, уточнувајќи дека сателитите ќе бидат лансирани со ракетата-носач „Сојуз“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче