Амбасадата на Никарагва во Москва официјално го потврди барањето на Едвард Сноуден за да му додели политички азил, пренесува РИА Новости.
„Да, ние добивме официјално барање“, изјави претставничка од амбасадата.
Претходно во медиумите беше објавено писмо на Сноуден, во кое тој бара азил во Никарагва.
Од амбасадата на Венецуела во Москва соопштуваат дека не добиле официјално барање од Сноуден за азил.
Претседателите на Никарагва, Венецуела и Боливија изразија подготвеност да му дадат политички азил на Сноуден, кој според податоците, се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче