Кинески медиуми: Кина со одобрување гледа на плановите на Русија за создавање на Евроазиска унија

Според планот на претседателот Путин, Евроазиската унија подразбира поефективно искористување на сите природни, економски и човечки ресурси на државите-членки, како и подлабока интеграција на повисоко ниво.

Меѓународната заедница нашироко расправа за идејата за создавање на Евроазиската унија – концепција за интеграција која е предложена од Русија за да ја зацврсти својата геостратешка надмоќност во ЗНД, како и за да го засили стратешкото влијание во западните делови на Атлантскиот океан, да го забрза процесот на интегрирање во Азиско-Тихоокеанскиот регион. Државите од хипотетичката Евроазиска унија – се наши непосредни соседи и на западот и на северот, и затоа создавањето на ваквиот сојуз ќе биде основна тема на руската надворешна политика. Затоа Кина треба да се однесува кон таа идеја со посебно внимание.

Според планот на претседателот Путин, Евроазиската унија подразбира поефективно искористување на сите природни, економски и човечки ресурси на државите-членки, како и подлабока интеграција на повисоко ниво. Целта на подобната интеграција – е создавање сила која ќе стане влијателна, но во исто време ќе биде независен играч во идниот свет на политичко-економските односи, и ќе ја оствари мечтата на Русија за трансформација во моќна евроазиска држава. За учество во оваа унија се поканети и државите од ЗНД. Засега таа унија носи економски карактер, но во иднина ќе стане и политички, а не е исклучено – и воен.

Авторот на овие редови е убеден дека перспективите на создавање на таквата унија се доста матни – има премногу случајни варијабли. Во оваа ситуација Кина треба, како што се кажува, „да ја разбира суштината на она што се случува, но да не пречи, туку да биде претпазлива и да не остава ништо без соодветно внимание, да ги следи случувањата и да не се занимава со прекумерна анализа“. Основните причини за овој приод се неколку. Како прво, на фонот на глобализацијата создавањето на Евроазиската унија е природен и историски процес кој што може да се случи во било кој регион во светот. Второ – подлабоката интеграција на државите од евроазискиот регион, извршена врз основа на стабилноста, како во сферата на економијата, така и во сферата на безбедноста, ќе им дозволи на државите во регионот да направат една заедничка надворешноекономска политика , создавање на единствени норми и закони, со што ќе се зголеми соработката. Трошоците за формалните процедури ќе станат помали, а ќе се зголеми степенот на заемно надополнување на економските интереси. Сето тоа ѝ одговара на Кина. Трето – малку е веројатно дека ваквата политика е насочена против Кина: коренитата разлика на евроазиската концепција на Русија од американската политика не е насочена на потиснување на нашата држава.

Со еден збор – Кина треба да се приближи кон Евроазиската унија полека, и внимателно да влегува во суштината на нештата. Ние треба барем да дадеме морална поддршка на Русија, да не „ја сопкаме“, да не и пречиме, умерено да учествуваме во дејноста на унијата, со одобрување да ги следиме успесите на унијата и да гледаме перспектива во неа за нашите идни планови.

Авторот е професор на факултетот по политикологија и меѓународни односи во Пекиншкиот педагошки универзитет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.