Боливија сака да купи два руски хеликоптера Ми-17 за борба со нелегалните шверцери со наркотици, изјави во неделата министерот за одбрана на оваа јужноамериканска република, Рубен Сааведра.
Според неговите зборови, „во следните 30 дена во државата ќе дојде комисија од владата на Русија за да се договори зделката за купување на тие два хеликоптера кои ќе се користат за борбата против трговијата со наркотици.“
Боливија, заедно со Колумбија и Перу влегува во државите кои се најголеми произведувачи на кокаин во светот. Притоа, растењето на лисјата кока во некои делови од државата не се смета за криминал, бидејќи растението традиционално се користи од локалната популација, најчесто за сила во високите планини.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче