Во Санкт Петербург се одбележа Денот на Достоевски

Во Санкт Петербург на 6 јули свечено беше одбележан Денот на Достоевски. Книжевниот фестивал по четврт пат се одржува во северната руска престолнина во чест на овој најголем руски писател.

Во Санкт Петербург на 6 јули свечено беше одбележан Денот на Достоевски. Книжевниот фестивал по четврт пат се одржува во северната руска престолнина во чест на овој најголем руски писател.

Прославата започна на Владимирскиот плоштад, од каде накај Книжевно-меморијалниот музејот на Достоевски продолжи весела поворка во која сите присутни носеа знаменца со натписи кои потсетуваат на богатството на личноста на писателот преку неговите дела. Свеченоста продолжи со книжевни натпреварувања и концерти и траеше се до касно вечерта. Во Мариинскиот театар по повод овој празник беше изведена операта „Браќа Карамазови“ на Александар Смелков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња