Вицепремиерот Дмитриј Рогозин изјави дека несреќата со „Протонот“ не нанесе штета на функционирањето на сателитската група кои го сочинуваат системот ГЛОНАСС, бидејќи самата група има резервни сателити, пренесува РИА Новости.
Рогозин забележа дека владината комисија создава и ќе му претстави на претседателот план за реорганизација на вселенската индустрија до крајот на третиот квартал. Според зборовите на вицепремиерот, комисијата за реформа на ракетно-космичката индустрија ќе се произнесе за причините за неефективноста на мерките од Роскосмос околу контролата на квалитетот на продукцијата.
Неуспешното лансирање на ракетата-носач „Протон“ со три сателити ГЛОНАСС се случи на 2 јули во 6:38 по московско време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче