Путин: Русија треба адекватно на реагира на милитаризацијата на космосот

Русија треба адекватно да реагира на развојот на високопрецизното оружје во светот и милитаризацијата на космосот, изјави претседателот Владимир Путин за време на заседанието на Советот за безбедност.

Русија треба адекватно да реагира на развојот на високопрецизното оружје во светот и милитаризацијата на космосот, изјави претседателот Владимир Путин за време на заседанието на Советот за безбедност.

„Буквално пред наши очи се менува карактерот на воените конфликти, начините на нивно регулирање и водење. Се развиваат роботизирани системи за водење борби. Високопрецизното оружје со своите можности веќе практично го надмина стратешкото и влијае на глобалната распределба на силите. Пред наши очи се случува милитаризација на космосот и сајберпространството, се користат и механизми за социјални операции и инструменти на „мека сила“, ги пренесува РИА Новости зборовите на рускиот претседател.

Путин подвлече дека задачите кои стојат пред државата во сферата на одбраната и сајбербезбедноста е исклучително „одговорни и зафаќаат големи размери“.

„Треба да се земат предвид тенденциите на создавањето оружје во светот. Намалувајќи го бројот на Вооружените сили, тие истовремено квалитативно го зголемуваат воениот потенцијал, опремувајќи ги своите војски со најнапредни системи за управување, разузнавање и комуникација“, изјави претседателот на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња