Forbes: египетската револуција не може да се повтори во Русија

Во Русија не може да се повтори варијантата како онаа во Египет, се кажува во статијата на Forbes.

Во Русија не може да се повтори варијантата како онаа во Египет, се кажува во статијата на Forbes. Како што смета авторот, практично секогаш кога во некоја држава ќе се појави народно востание против некоја авторитарна влада, започнуваат шпекулации на тема „А кога ќе се случи тоа во Русија?“. Сепак, како што смета новинарот, случките кои ги гледаме во Каиро, тешко дека е можно да се случат во Москва.

Како прво, во статијата се кажува дека египетското население има еден од највисоките наталитети во светот, што врши огромен притисок врз економските и политичките институти во државата. Бројноста на руското население е стабилна, се кажува во весникот.

Второ, како што смета новинарот, Египет се судри со проблеми поради големата сиромаштија. Русија исто така има уште доста да работи за да го намали нивото на сиромаштија, но секако, проблемот не е толку силен како што е во Египет.

Не само тоа, населението во Египет е помладо од тоа во Русија. „Во споредба со Русите, многу малку Египќани работат“, тоа е уште еден аргумент зошто се случи тоа што се случи во Египет.

Понатаму авторот на статијата пишува дека доходите на Русите растат брзо, а доходите на Египќаните се на исто ниво со години. Во материјалот се забележува дека египетската влада нема пари, а руските власти „се капат во пари“.

На крај, Русија е урбанистичко и развиено општество, додека Египет заостанува на тоа поле од Русија и другите држави од Западот повеќе од 50 години, смета авторот, и додава дека сиромашното земјоделско општество е многу потешко да се контролира.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња