Последните податоци од статистиката покажуваат дека секој осми Русин денес е постар од 65 години, пренесува РИА Новости.
„Ова е актуелен проблем - уште денес имаме 13% од руската популација која е постара од 65 години - тоа е стареење на популацијата“, изјави заменикот на министерот за труд и социјална заштита, Алексеј Вовченко. Тој додаде дека според меѓународните критериуми, населението на државата се смета за старо ако уделот на луѓе кои се постари од 65 години изнесува над 7%.
„Бројот на лица кои се постари од работоспособната возраст во Русија од 2006 година постојано расте, и во почетокот на 2012 година тој изнесува 32,4 милиони луѓе, или 22,7% од населението. Бројот на лица кои се постари од работоспособната возраст е за 8,9 милиони поголем од бројот на лица кои се под работоспособната возраст“, забележа Вовченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче