Рогозин бара руските бродови да се опремуваат со што е можно повеќе оружје

Бродовите на Руската воена морнарица треба да се опремуваат со што е можно повеќе вооружување.

Бродовите на Руската воена морнарица треба да се опремуваат со што е можно повеќе вооружување, но големината на бродовите треба да остане иста, смета вицепремиерот на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин. Меѓутоа, тој нагласи дека зголемувањето на обемот на вооружување не би требало да влијае на условите за живот и работа на екипажот.

„Добар пример е нашиот современ брод ’Бојки’, кој и покрај скромните димензии, може да парира на многу поголеми бродови. И понатаму треба да се продолжи истата пракса со модифицирање на корвети, фрегати и бродови со различни депласмани“, истакна Рогозин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.