Наследниците на Романови „сакаат да се вратат во Русија“

Наследниците на некогашната руска царска династија Романови изразиле желба да се вратат во Русија.

Наследниците на некогашната руска царска династија Романови изразиле желба да се вратат во Русија и изјавуваат дека тоа нема да има „никакви имотни последици“. Ова го изјави Александар Закатов, директор на Канцеларијата на Руската императорска куќа, пренесува РИА Новости.

„Таквите планови, секако, постојат, и откако стана возможно да се вратиме во Русија, членовите на семејството непрекинато за тоа зборуваат“, изјави Закатов одговарајќи на прашање дали наследниците на династијата планираат да се преселат во Русија. Притоа, гласините дека нивните нивното враќање може да предизвика милионски трошоци „се целосно бесмислени“, и нагласи дека Марија Владимировна Романова (старешина во лозата Романови) „е против тоа“.

Тој соопшти дека од руските власти официјално нема пристигнато никаква покана. Притоа, според зборовите на Закатов, Марија Владимировна „никогаш не барала да бидат примени и тоа никогаш нема да го бара, туку остава на државата да го направи тоа“. Марија Владимировна во моментов живее со синот во Мадрид.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња