Лада ќе добие 30 нови модели

Во следниве 5 години претпријатието ќе создаде цела палета нови автомобили.

Лада планира во следните пет години да создаде нови 30 модели автомобили. Ова го изјави претседателот на компанијата, Игор Комаров.

Притоа, шефот на компанијата не уточни какви имено автомобили ќе бидат создадени. Последниот нов модел од толјатинската фабрика е новата верзија на Лада Калина, чие сериско производство започна на 16 мај.

АВТОВАЗ за различни проекти ќе потроши до 2020 година 4,5 милијарди евра, од кои 1,5 милијарди се кредитни средства. Една од главните задачи е модернизацијата на главниот конвеер во Толјати до 2014 година.

На првата линија на главниот конвеер веќе се склопуваат Лада Ларгус и Нисан Алмера, а кон крајот на оваа година ќе започне со производство и Рено. Инвестициите ќе изнесуваат 400 милиони евра, а планирано е да се произведуваат околу 360.000 автомобили годишно.

АВТОВАЗ е еден од најголемите произведувачи на лесни автомобили во Русија и Источна Европа. Претпријатието е лоцирано во градот Толјати во Самарската област. Фабриката вработува 68.000 уѓе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња