Лидерот на комунистите во Русија, Генадиј Зјуганов изјави дека парламентарната група на Комунистичката партија на Руската Федерација собрала доволен број потписи за Думата да поднесе предлог за гласање недоверба на Владата, пренесува РИА Новости.
Според законот, за да се изгласи недоверба на Владата, во Думата треба да се поднесат барем 90 потписи од пратеници и да се објасни таквото барање. Ако предлогот го поддржи повеќе од половина парламентарци, претседателот на Руската Федерација има право да ја распушти владата или да не се согласи со одлуката на пратениците.
Комунистите бараат гласање на недоверба поради проектот за реформа на Руската академија за науки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче