Со координираната кампања за шпекулации во врска со Едвард Сноуден се занимава Надворешната служба за разузнавање, пишува The Washington Times, повикувајќи се на американските чиновници. Како што пишува весникот, во последните неколку дена државните медиуми во Русија активно рекламирале онлајн-петиција, со кој се повикува Белата куќа да го помилува програмерот.
Според зборовите на изворите на изданието, оваа активност е дел од глобалната дејност на владата на Русија против САД.
Инсајдерите тврдат дека станува збор за голема програма за антиамериканска пропаганда, која администрацијата на Барак Обама претпочита да ја игнорира. Наместо тоа, Вашингтон глуми дека Русија и САД се наоѓаат на патот кој води до „ресетирање“ на односите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче