Шефот на Државната автоинспекција во Русија, Виктор Нилов, изјави дека на руските платни автопишта ќе може да се вози со 130 километри на час, пренесува РИА Новости.
„Заедно со Министерството за транспорт го разгледуваме ова прашање. Станува збор за зголемување на максимално дозволената брзина на движење на неколку делови од патиштата до 130 километри на час“, забележа Нилов.
Според неговите зборови, новото правило ќе важи само за платните патишта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче