Подготвен е договорот за „Јужен тек“

Подготвен е договорот со „Гаспром“ за „Јужен тек“. Македонија ќе добие поевтин руски гас.

Владата на Руската Федерација го подготви договорот за создавање крак од гасоводот „Јужен тек“ за испорака на гас во нашата земја. Ова се кажува во документот кој е објавен на интернет-страницата на владата на Русија.

Според документот, откако ќе се потврди исплатливоста на проектот, „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“ ќе формираат заедничка компанија која ќе има еднаква сопственост од двете страни (50%-50%).

Маршрутата на гасоводот и неговиот капацитет ќе бидат дополнително усогласени.

Конкретните количини, услови и рокови на испорака на природен гас во Македонија ќе бидат уточнети во договорите меѓу „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“. Правата за користење на гасоводот му принадлежат на „Гаспром“.

Освен тоа, со документот македонската страна се обврзува да не воведува никакви ограничувања во однос на руските вложувања на територијата на Македонија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња