The New Republic: Москва не е место за бегалецот

Денес навршува третата недела од „дисидентството“ на Сноуден, и тој веројатно има чувство на тревога од приемот кој му беше организиран, а кој не беше ниту топол, ниту студен.

Денес навршува третата недела од „дисидентството“ на Сноуден, и тој веројатно има чувство на тревога од приемот кој му беше организиран, а кој не беше ниту топол, ниту студен. Ако се потрудеше да се запознае со историјата на другите Американци кои се нашле под сомнителната заштита на Кремљ, тогаш овој прием за него не би бил нешто неочекувано. Историјата на Американците кои пребегувале во Москва е долга и не многу среќна.

Да ја земеме техниката Роберт Вебстер од Кливленд, кој дојде во СССР во 1959 година. Тој требало да учествува во подготовката на националната изложба во Москва, но се вљубил во една работничка во хотелот „Украина“ (после некое време го оставил своето семејство за да се врати дома). Или историјата на католичниот свештеник Херолд Кох, кој го избра Маркс за свој бог и дојде во 1966 година од Чикаго во Москва за да протестира против војната во Виетнам (после три месеца тој го промени своето мислење). Потоа на ред доаѓа американското воено лице Џозеф Дутканич кој служел во Западна Германија, а пребегал во СССР во 1960, каде бил фотограф во Воено-морските сили, но со време се убедил во тоа дека Советите се обидуваат да му дејствуваат врз умот и да го полудат. Глен Саутер е последниот бегалец во СССР. Тој пребега во 1986 година, но се самоуби после 3 години.

Најпознат американски бегалец во Москва бил Ли Харви Освалд. Како и Вебстер и Кох, тој заминал во СССР, верувајќи дека таму радо ќе го прифатат и ќе се радуваат на неговото доаѓање. Во 1962 година тој се вратил назад.

Но што ги привлекува сите тие луѓе во Москва? За време на студената војна оние кои сакале да пребегаат се убедувале дека не само што бегаат од својот претходен живот, туку и нашле противотров од дволичноста на, демек, слободниот Запад. Тие замислувале дека Русија е синоним за нешто прогресивно и благородно, и биле уверени дека таа држава ќе ја надмине Америка во грандиозна и историска смисла. Сметале дека само Русија може да ја одгатне лагата за американскиот мит. Секако, секој во различен степен се сметал себе си за учесник во тоа метафизичко оптегнување на јажето. И сите тврделе дека Русија ја гледаат преку очилата на идеологијата.

29-годишниот Сноуден тргна во основно училиште кога тие идеолошки очила се скршија. Дури и заблудениот активист и борец со тајните материјали тешко е да почувствува сродство и блискост со руската држава. Но Сноуден дојде во Москва поради конкретен проблем – тој се крие за да не го уапсат. Во таа смисла тој по ништо не се разликува од своите претходници како Вебстер, кој сакал да спие со симпатична руска девојка, или Освалд, кој сакал да избега што подалеку од својата мајка.

И затоа тие паднале под нозете на КГБ. Тие раскажувале трогателни истории. Им кажувале на Русите дека ќе им кажат сè што знаат, и сè што барале како замена – е да им се даде можност да го поминат остатокот од својот живот во Третиот Рим. КГБ најчесто ја наградувал нивната вера во големиот советски експеримент со тоа што ги праќал најчесто во некој далечен провинцијален град за да не ги заразуваат советските граѓани со своите идеи. КГБ им давал работа, стан, што било речиси незамисливо по руски стандарди за толку кратко време да се добие сè. И КГБ постојано ги следел, каде и да одат, што и да прават. А потоа, кога пребегнатите на колена ползеле во американската амбасада и се молеле да ги вратат дома, Советите почнувале да решаваат дали да ги вратат или не. Најчесто им дозволувале, но до тогаш пребегнатиот веќе бил бледа сенка од човек. Остатокот од нивниот живот речиси секогаш бил несреќен.

Има добро објаснување за оваа дисонанса, кога идеалистички настроените Американци се нашле во руската држава која е далеку од секој идеализам. Американците гледале на Русија низ очилата на идеологијата, додека Русите не гледале во нив ништо друго освен факти кои им се потребни. Американците тврделе дека во Русија гледаат нешто што во реалноста не постоело, а Русите се грижеле само за тоа што Американците можат да им го дадат. Кога Русите целосно го „исцицувале“ бегалецот, тој веќе не им бил потребен и барале тој да си замине.


Освалд бил типичен таков пример. Тој се обидувал да го убеди КГБ да му дозволи да остане во СССР, предложувајќи им на разузнавачите тајна информација за авионот У-2, која во реалност на Русите не им била потребна. КГБ барал информации за ракетата која може да го собори У-2, бидејќи тој летал многу високо и во прво време бил недостапен за било кое советско оружје. Освалд не можел да им даде информации за ракетата, па КГБ побарал тој да си замине.

Едвард Сноуден не е далеку од тоа да тргне по патот на Освалд. Исто како и на Освалд, САД го анулираше неговиот пасош, а Русите решија дека тој може да остане ако сака, а ако сака, може и да замине. Владимир Путин за време на прес-конференцијата во понеделникот изјави дека Сноуден може да остане во Русија само ако престане да им дава на Русите тајни информации. Тоа е малку апсурдно. „Ако сака да остане овде, има еден услов: тој треба да ја прекине својата работа која е насочена кон нанесување штета на нашите американски партнери, колку и да звучи тоа чудно“, изјави рускиот претседател. Тоа јасно покажува во каква позиција е сега Сноуден. Тој ќе остане во своето страшно чистилиште во аеродромот „Шереметјево“, сè додека целосно не се предаде на САД, или пак на Руската Федерација. Или ќе дозволи САД да го уапси, или ќе се согласи со Русија и ќе бара да исчезне засекогаш некаде во Сибир. Најверојатно е дека Русите нема да го приморуваат да постапи на еден или друг начин. Тие ќе почекаат додека самиот тој не дојде до некое решение. А Русите, секако, умеат да чекаат. Тоа им е доблест. Чекањето ќе предизвика кај Сноуден многубројни стравови дека врз него притиска целиот свет.

Вистинската трагедија, секако, не е Сноуден. Вистинската трагедија се состои во тоа што целосно законските и основани дебати кои се појавија после откривањето на Сноуден, дебатите за необузданото американско чудовиште – се помрачени од оваа московска претстава. Пред три недели Сноуден го сметаа за благороден човек. Сега го сметаат за наивен, дискредитиран човек, кој паднал во оваа и не толку убава стапица. Ако ја проучел историјата на оние кои бегале порано во Москва, такво нешто немало да се случи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња