Руската Федерација доби статус на држава „со висок степен на приходи“, каде националниот приход по глава на жител веќе изнесува 12.700 долари, се наведува во Светската банка. Новиот статус треба да го олесни приклучувањето на Русија во блокот на развиени држави (OECD). Но атрибутот „развиена економија“ Русија може да го добие откако меѓународната организација го оцени квалитетот на институциите и инвестициската клима во државата.
Светската банка после едногодишен мониторинг ја смести Русија во категоријата на држави со високо ниво на приходи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче