Побарувачката за крстарења во Русија порасна за 40% од почетокот на 2013 година

Според информациите на Ростуризам, за време на 2012 година во Русија крстареле 12,7 милиони луѓе.

На рускиот пазар за крстарења е забележано зголемување на интересот за овој вид туризам. Од почетокот на 2013 година е забележан раст на побарувачката за крстарења по Русија за 40%, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Алексеј Кљавин, претседател на „Националниот дом за крстарење“.

Според неговите зборови „за време на мајските празници забележана е 100% исполнетост на некои од бродовите“. Најпопуларните маршрути за крстарења се Москва - Санкт Петербург, Москва - Соловки, Москва - Перм.

Според информациите на Ростуризам, за време на 2012 година во Русија крстареле 12,7 милиони луѓе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња