Новиот „Јо-мобил“ во Русија ќе почне да се продава во 2015 година

Во првата половина на 2015 година на рускиот автопазар ќе започнат продажбите на „Јо-мобилите“.

Во првата половина на 2015 година на рускиот автопазар ќе започнат продажбите на „Јо-мобилите“. Се очекува годишно да се реализираат околу 10.000 автомобили. Ова го соопшти претставникот на „Јаровит моторс“ за време на тестирањето на првите примероци на „Јо-мобил“ на полигонот во Москва.

Исто така, планирано е во Санкт Петербург да се изгради капацитет до 2018 година, на кој ќе може да се произведуваат 40.000 автомобили.

Претходно беше планирано производството на овој нов руски автомобил да започне пред започнувањето на Олимписките игри во 2014. Сепак, после тоа плановите се пренесени на 2015 година. Официјалното соопштение за каснењето гласи дека американскиот испорачувач на дел од деловите не ги извршил своите обврски според договорот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња