Прашањето за безбедноста на Сочи 2014 предизвикува грижи кај руските чиновници, пишува The Financial Times. Како што пишува весникот, зимската Олимпијада ќе се одржи во регионот со „продолжена војна“, и Чеченија и Дагестан се наоѓаат од Сочи „преку планините на Кавказот“.
The Guardian пишува дека беспокојството за безбедноста на Сочи 2014 продолжува да расте, бидејќи тој град се наоѓа на околу 350 километри од Чеченија и Дагестан.
Некои западни дипломати веќе го споредија одржувањето на Олимпијадата во рускиот град со одржувањето на слични натпревари во авганистанскиот град Кабул, иако градоначалникот на Сочи, Анатолиј Пахомов ги нарекува таквите тврдења „неосновани“.
Претходно беше соопштено дека лидерот на бунтовниците, Доку Умаров повика на сите можни средства и начини да се прекине одржувањето на Олимпијадата во Сочи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче