FT: испораката на руска нафта во Европа достигна најниско ниво за 10 години

Испораката на руска нафта во Европа нагло се намали, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, денес има најнизок показател по тој параметар за последните 10 години.

Испораката на руска нафта во Европа нагло се намали, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, денес има најнизок показател по тој параметар за последните 10 години.

Според досегашниот тренд, Русија во јули треба да испорача само 2,1 милиони барели нафта во едно деноноќие. Тоа е поврзано со тоа што рускиот преработувачки сектор за нафта се развива брзо, со што повеќе нафта е потребна на самиот руски пазар, се кажува во статијата. Од друга страна, пак, политиката на Москва за зголемување на извозот во Кина ги дава првите резултати.

Како резултат на ова, европските рафинерии се судираат со повисоки цени на нафтата, се подвлекува во статијата. Според мислењето на аналитичарите, од тоа посебно ќе страдаат таквите претпријатија како Neste Oil (Финска), PKN Orlen (Полска) и MOL Group (Унгарија), кои досега добиваа значителен дел од руската нафта.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња