Frankfurter Allgemeine Zeitung : Руската наука во криза

Рускиот систем за образование веќе доста години богато е финансиран, но и покрај тоа, умирањето на солидниот организам, остаток од Советскиот Сојуз, и натаму продолжува.

Рускиот систем за образование веќе доста години богато е финансиран, но и покрај тоа, умирањето на солидниот организам, остаток од Советскиот Сојуз, и натаму продолжува. Матурантите завршуваат со сè помали фундаментални знаења – се жалат наставниците. Студентите кажуваат дека универзитетите создаваат супер-тешки приемни испити, додека нивните знаења не одговараат на нивото кое се бара. Единствениот државен испит, со кој треба да се исклучи субјективниот фактор и корупцијата, во последно време е мета на скандали и критики. Пред одржувањето на овогодишниот ЕДИ, на Интернет се појавија списоци со правилните одговори. Експертите се уверени дека нив ги ставиле лица кои имаат пристап до подготовката на самите испити, а заменикот министер за образование и наука на Русија, Игор Реморенко тврди дека тоа е дело на хакери.

Суштината на проблемот се крие во тоа што во државата практично се прекинати обидите да се произведуваат конкурентни индустриски продукти. Во економијата базирана на ресурси, високата научна или технолошка квалификација лесно станува „излишна“.

На приходите во реалноста влијаат и степените на образование, кои се сметаат за задолжителен атрибут на политичарот или бизнисменот кој сака да стане почитувана личност во руското општество. Руските богаташи си ги украсуваат ѕидовите и добиваат докторски звања кои им се обезбедени од „научните робови“ кои пишуваат за нив дисертации. Притоа, не е јасно кој го направил првиот чекор – дали лудиот комплекс на вредности, академикот или одговорниот на катедрата – кои ги убедуваат богатите Руси дека за напредок им треба магистерски или докторски степен, кој лесно можат да го добијат ако платат сума со пет цифри во долари.

Паричниот дожд ги збогати раководителите на универзитетите, па многу од нив заработуваат повеќе и од претседателот Владимир Путин, како и од премиерот Дмитриј Медведев. Анатолиј Оводенко, ректор на Петербуршкиот аерокосмички универзитет, стана најбогат ректор со приход од 1,8 милиони долари годишно, пет станови и Порше. Второто место меѓу ректорите го зазема Владимир Никулин – раководител на Новомосковскиот институт за зголемување на квалификациите, кој минатата година заработи повеќе од половина милион евра и поседува три станови и два џипа. Приходот на Самарскиот државен технички универзитет, Дмитриј Буков минатата година изнесувал 385.000 евра. Тој има три станови и јахти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња