Рускиот град Екатеринбург, кој се наоѓа на Урал, е еден од главните кандидати за домаќин за одржување на изложбата ЕКСПО-2020. Како што соопштува „Гласот на Русија“, губернаторот на областа, Евгениј Кујвашов изјави дека градот активно гради хотели од сите категории поради одржувањето на крупните меѓународни манифестации. Истовремено за последниве три години исполнетоста на хотелските капацитети порасна за три пат и изнесува 82%.
До ЕКСПО-2020 Екатеринбург ќе го изгради ЕКСПО селото, кој покасно ќе се користи како студентски камп и како социјални станови. Тоа значајно ќе ја намали цената на становите во градот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче