Државната Дума е шокирана од соопштението дека авионот на претседателот на Боливија, Ево Моралес, кој полета од Москва - бил принуден да слети во Виена и да помине низ претрес од страна на австриските власти, кои се сомневале дека во него може да се наоѓа поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден.
„Тоа е спротивно на сите норми на меѓународното право. Јас сум шокиран“, изјави за ИТАР-ТАСС првиот заменик на претседателот на долниот дом на парламентот за меѓународни прашања, Леонид Калашников.
Според неговите зборови, самата ситуација е „гнасна“ и „не се вклопува во никакви рамки“. „Претседателот на државата има неприкосновен имунитет. Ова што се случи е најциничен начин на диктатура“, нагласи Калашников. Заменикот на претседателот на комитетот не се сомнева дека „зад ова стојат САД“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче