Руската Дума објави амнестија за бизнисмените

Амнестијата важи не само за затворениците, туку и за оние кои не се осудени на казна затвор.

Пратениците на Думата на Русија ја усвоија одлуката за амнестија на бизнисмените. Истата стапува на сила на 2 јули и треба да трае шест месеци.

Со овој документ се ослободуваат од казни оние кои за прв пат се осудени или против кои е подигната кривична постапка врз основа на 27 членови од Кривичниот законик на Русија. Примената на амнестијата налага осомничените или оптужените да го вратат противправно здобиениот имот или да ги компензираат штетите на оштетените лица.

Амнестијата важи не само за затворениците, туку и за оние кои не се осудени на казна затвор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња