Рогозин најави реформа на ракетно-космичката индустрија

Потпретседателот на Владата на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин ќе биде на чело на комисијата за спроведување на реформите на ракетно-космичката индустрија.

Потпретседателот на Владата на Руската Федерација, Дмитриј Рогозин ќе биде на чело на комисијата за спроведување на реформите на ракетно-космичката индустрија.

„Донесена е одлука за формирање на специјални комисии. На чело на оваа комисија претседателот ме претстави мене. По наредба на претседателот комисијата треба да подготви проект за реформи на ракетно-космичката индустрија“, ги цитира „Комерсант“ зборовите на Рогозин.

Лансирањето на ракетата-носач „Протон-М“ со три сателити ГЛОНАСС-М на 2 јули беше неуспешно. Во првата минута после лансирањето ракетата го промени правецот на движење, а потоа падна на територијата на космодромот Бајконур.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња