Несреќата со „Протонот“ ќе доведе до реформирање на индустријата

Несреќата со ракетата-носач „Протон-М“ стана повод за неопходна реформа во ракетно-космичката индустрија на Русија.

Несреќата со ракетата-носач „Протон-М“ стана повод за неопходна реформа во ракетно-космичката индустрија на Русија. Прелиминарните верзии за несреќата веќе се објавени. Според зборовите на вицепремиерот Дмитриј Рогозин, заклучоците од она што се случи се „доста силни“, а индустријата повеќе нема да постои така како што денес функционира.

„Во оној вид во кој постои ракетно-космичката индустрија денес - истата повеќе нема да постои“, ги пренесува РИА Новости зборовите на Рогозин.

„Ќе биде подготвен проект решение од претседателот на Русија за реформирање на ракетно-космичката индустрија, а принципите на таа реформа се следниве: консолидација во рамките на единствена интегрирана структура - тоа нема да биде државна корпорација, туку претпријатие со име „Обединета ракетно-космичка корпорација“, изјави Рогозин.

Рогозин напомна дека од претседателот е донесено решение за создавање на специјална комисија која ќе се занимава со изработка на концепцијата за реформирање на индустријата. Ќе се воведе единствена техничка политика, со која ќе се предложи намалување на производната номенклатура, а со тоа ќе се подобри безбедноста и квалитетот на продуктите кои излегуваат од индустријата.

Ракетата-носач „Протон-М“ со забрзувачкиот блок ДМ-03 и три руски навигациски космички апарати „Глонас-М“ доживеа неуспешен старт и падна во првата минута од лансирањето.

Оваа несреќа ќе се рефлектира на реализацијата на системот ГЛОНАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња