Надворешниот долг на Руската Федерација се зголеми за 10,4% во првите шест месеци од 2013

Основната причина за раст на долгот се банките и другите сектори.

Надворешниот долг на Руската Федерација, кој на 1 јануари изнесуваше 637 милијарди долари - се зголеми на 703 милијарди долари, сведочат прелиминарните податоци на Банката на Русија.

Според ова, надворешниот долг на државата порасна во текот на првото полугодие за 66 милијарди долари, или за 10,4%.

Основната причина за раст на долгот се банките и другите сектори, поради кои задолженоста е зголемена за 4,5% и 14% (до 270 и 417 милијарди долари).

Органите на државната управа го зголемиле надворешниот долг за 4,5% (57 милијарди долари).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.