„Левада“: казнување за абортус поддржуваат само 17% од Русите

Парична казна или затвор за докторите кои се занимаваат со прекинување на бременоста, како и за жените кои прават абортус - поддржуваат 17% од Русите.

Парична казна или затвор за докторите кои се занимаваат со прекинување на бременоста, како и за жените кои прават абортус - поддржуваат 17% од Русите, сведочат резултатите од анкетата на Левада-центарот. Притоа, 78% од анкетираните истапиле против таквите мерки, поддржувајќи такви мерки, како едукативни програми, консултирање и социјална помош.

21% од испитаниците сметаат дека раководството на државата треба да преземе мерки за забрана на абортусите, а во исто време 68% сметаат дека властите треба да го остават тоа решение на луѓето кои се засегнати од тоа.

Притоа, засилувањето на улогата на црквата во прифаќањето на законите за семејството е поддржано од 11% од Русите, а 37% изјавиле дека таквата иницијатива ја гледаат „позитивно“, додека строго против се изјасниле 11%.

Воведувањето на данок за развод е поддржано од 6% од испитаниците, а 33% се против таквата мерка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња