Брачен пар во Германија е осуден за шпионажа во корист на Русија

Вишиот покраински суд во Штутгарт го осуди Андреас и Хајдрун Аншлаг на шест и пол, односно на пет и пол години затвор поради шпионски активности за руската разузнавачка служба.

Вишиот покраински суд во Штутгарт го осуди Андреас и Хајдрун Аншлаг на шест и пол, односно на пет и пол години затвор поради шпионски активности за руската разузнавачка служба. Судот наложи оптужените да платат парична казна во висина од 500.000 евра и да им се одзеде имотот кој е запленет во текот на истрагата, пренесува РИА Новости.

За апсењето на наводните руски шпиони за прв пат е известено на 22 октомври 2011 година. Според личните документи, „шпионите“ потекнуваат од Латинска Америка, а поседуваат австриски пасоши издадени во 2008 година. Меѓутоа, покасно се испоставило дека двајца од нив се државјани на Русија, а нивните вистински имиња се Александар и Олга.

Според извештаите на медиумите, Андреа и Хајдрун Аншлаг се занимавале со разузнавачки активности повеќе од 25 години, со што и испорачале на Надворешната разузнавачка служба на Русија неколку стотици документи, главно поврзани за НАТО.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња