Трошоците за здравството во Русија ќе се намалат до 3,3% од БДП до 2016

Нивото на расходи за здравството во Русија во следниве неколку години ќе се намали од 3,7% во 2013, до 3,3% во 2016 година, се кажува во проектот за основните правци на буџетската политика во следниве три години кои ги обелодени РИА Новости.

Министерот за здравство на Русија, Вероника Скворцова претходно забележа дека до 2018 година финансирањето на здравството во државата треба да надмине 5% од БДП.

Трошоците за здравството во апсолутни цифри во Русија во 2014 ќе надминат 58 милијарди евра, а во 2015 и 2016 година ќе се зголемат и над 60 милијарди евра.

Во структурата на трошоците за здравството суштествено значење ќе има Фондот за задолжително медицинско осигурување (ФЗМО). Во следниве три години неговите издатоци ќе растат, со што ќе се компензира намалувањето на федералното финансирање.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.