Омбудсманот за правата на децата, Павел Астахов откри уште еден случај на насилство над руско дете во странство.
„Американецот Марк Њутн и неговиот партнер од Нов Зеланд, Питер Труин, платиле на жена од Русија 8.000 долари за да им роди дете. Откако го зеле детето, т.н. родители повеќепати со него извршувале сексуални акти, забележани на фотографии и видео снимки“, изјави Астахов, а пренесува „Газета.ру“. Омбудсманот истакна дека детето било жртва на уште најмалку 8 педофили во Франција, Германија и САД, каде го воделе заради снимање порно-филмови.
Судот веќе го осуди Марк Њутн на 40 години затвор и му одреди парична казна од 400.000 долари. Неговиот партнер Питер Труин ја призна вината и очекува пресуда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче