Рогозин наведе пет потенцијални закани за Русија

Вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин наведе пет основни видови предизвици на кои Русија мора да биде подготвена да одговори, пренесува новинската агенција РБК.

Вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин наведе пет основни видови предизвици на кои Русија мора да биде подготвена да одговори, пренесува новинската агенција РБК.

Прв би бил судирот со држава која е посилна од Русија на технолошко ниво. Војната во тој случај, според мислењето на Рогозин, би се водела без непосреден контакт. Друг вид закана е влезот во судир со држава која има еднакви воени потенцијали. Тој смета дека тука не би требало да дојде до евентуална надмоќ на непријателот во пресудните фази од судирот.

Другите форми на закани се поврзани со локалните војни како оние во Авганистан и Чеченија, како и спротивставувањето на тероризмот. Рогозин исто така укажа на можното заострување на борбите за ресурси на Арктикот. Освен тоа, тој напомна дека во случај на војна со САД, тие во првите часови од судирот би можеле да уништат од 80 до 90% од нуклеарниот потенцијал на Русија. Затоа, тој смета дека е неопходен технолошки пробој на полето на ракетните и нуклеарните програми. На таквите закани можно е да се одговори само ако се развива „автономно вооружување“ кое нема да зависи од напредните телекомуникациски технологии.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња