Министерството за надворешни работи на Русија реагираше на скандалот со прислушување на дипломатите во САД

Москва се надева дека Вашингтон ќе изведе соодветни заклучоци од најновиот скандал со прислушувањето на официјални лица од Европската унија во САД.

Москва се надева дека Вашингтон ќе изведе соодветни заклучоци од најновиот скандал со прислушувањето на официјални лица од Европската унија во САД, истакнува повереникот за човекови права во МНР на Русија, Константин Долгов, пренесува информативниот портал „Взглјад“.

„Прислушувањето на разговорите на официјалните лица од ЕУ од страна на американските разузнавачки служби е само уште еден доказ дека Американците имаат двојни стандарди кон меѓународните и човековите права. Се надеваме дека Вашингтон ќе изведе соодветни заклучоци од тој скандал и во иднина ќе постапува во склад со меѓународните обврски кои важат и за САД“, напиша тој на Твитер.

За време на викендот, германскиот „Шпигл“ соопшти дека ЦИА редовно ги следи лидерите на пријателските земји од Европската унија, а информациите кои тоа го потврдуваат ги достави поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден. Британски „Гвардијан“ објави дека NSA во САД прислушувала дури 38 странски амбасади.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња