Кога во „криминалните 90-ти“ во Русија социолозите ги прашуваа учениците што би сакале да бидат кога ќе пораснат - момчињата одговарале - убијци, а девојчињата - валутни проститутки. Сега младината мечтае за работа во државните претпријатија. И тоа не е за чудење...
Во првиот квартал од оваа година околу 700.000 бирократи кои работат во федералните државни органи добивале месечно по околу 100.000 денари, т.е. двојно повеќе отколку просечната плата во државата. Работниците во секундарните државни структури (околу 900.000 луѓе) заработувале помалку, но сепак добро - околу 70.000 денари месечно.
Најдобро се снашле тие кои работат во администрацијата на Владимир Путин - средната плата таму изнесува околу 220.000 денари. Освен тоа, бонусите и платите во претседателската администрација растат неверојатно брзо. Во првиот квартал годинава тие пораснаа за 75%, надминувајќи ја руската инфлација за 10,5 пати (според официјалните податоци таа изнесува 7%). Претседателот на Русија заработува околу 500.000 денари месечно.
На „опашот“ според платите во Русија се наоѓаат работниците во министерството за образование, кои добиваат средна месечна плата од 80 до 90.000 денари.
Учител во училиште во Москва со сите додатоци заработува околу 72.000 денари месечно, што е двапати повеќе отколку негов колега во градот Киров кој се наоѓа на 800 километри во Москва. Не е за чудење тоа што побогатите московјани објавуваат огласи во кои бараат дадилки за своите деца, на кои им плаќаат и по 90.000 денари месечно, плус храна и спиење. Возач во Москва може да најде работ за 50 до 75.000 денари плата, а продавач - за 45.000 денари. Дури и возачите во московското метро добиваат високи плати - околу 130.000 денари плус 45 дена одмор во годината.
Добро се чувствуваат претставниците на армијата и полицијата, кои во овие две последни години добија добри бонуси и зголемувања на платите. Колку точно заработуваат - тешко е да се определи, бидејќи нивните плати се формираат од многу додатоци, награди и сложени формули. На пример, капетан на полицијата во Самара со петгодишен стаж месечно заработува околу 64.000 денари, а поручник во службата - 48.000 денари.
Тие Руси кои не се вработиле во државните органи или претпријатија не можат да се пофалат со таква благосостојба.
Платите на жителите во провинцијата се далеку пониски. Рударите на Урал работата за 24.000 денари месечно, медицинска сестра во Сибир со сите додатоци може да земе максимум 15.000 денари, изјави за Gazeta Wyborcza Наталија Зуаревич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче