Недалеку од Лубјанка во Москва ќе се отвори Музеј на детството

Во Централниот детски трговски центар во Москва ќе се отвори Музеј на детството.

Во Централниот детски трговски центар во Москва ќе се отвори Музеј на детството. Отворањето е планирано за 2014 година, се кажува во пораката на компанијата „Галс-Девелопмент“, која е инвеститор во реконструкцијата на трговскиот центар.

Музејот ќе се наоѓа на седмиот кат во трговскиот центар и ќе сите посетители ќе можат бесплатно да го посетат.

„Во Москва нема музеј кој е поврзан со темата на детството, со играчките, детските игри, и тоа негативно се рефлектира на главниот град. Одделот за култура е подготвен да ја поддржи оваа иницијатива и да се создаде музеј во Централниот детски трговски центар“, изјави Антон Горјанов, одговорен во Одделот за култура на Москва за прашања околу музеите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња