Милијарди долари за „лајкови“

10 милијарди долари изнесува сумата што ја губи рускиот буџет годишно поради социјалните мрежи.

10 милијарди долари изнесува сумата што ја губи рускиот буџет годишно поради социјалните мрежи – таа сума не е баснословно голема за рускиот буџет, но сепак, е забележителна. На пример, тоа е буџетот кој Русија го троши за железниците, културата, киното и медиумите, или пак само за транспортниот сектор.

Впрочем, во споредба со аналогните оценки во САД и Велика Британија, Русија може уште многу да расте. Според различни оценки, американската економија губи до 650 милијарди долари годишно од социјално-виртуелната активност на граѓаните за време на работното време.

Најголема штета на своите работодавачи причинуваат активните корисници на социјалните мрежи кои работат во финансискиот сектор и во сферата на недвижнините, како и во сферата на услугите. На второ место се просветните работници, а на трето – државните службеници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.