Компанијата Mail.ru премина на користење на сопствениот пребарувач, кој може да ги обработува сите прашања на корисниците. Ова е објавено на интернет-страницата на компанијата.
Претходно компанијата го користеше не само својот пребарувач, туку и лиценцираните пребарувачи на другите компании како Yandex и Google. Сепак, договорот со Google заврши и нема да биде продолжен.
Денес пребарувачот на Mail.ru е трет најголем пребарувач во Русија после Yandex и Google.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.