Конзулатот во „Шереметјево“ доби молба од Сноуден за азил

Претставителите на конзулскиот оддел во аеродромот „Шереметјево“ во неделата добиле барање од Едвард Сноуден со молба за политички азил во Русија, пренесува за РИА Новости дежурниот во конзулатот, Ким Шевченко.

„Вчера во 22:30 по московско време граѓанката Сара Харисон од името на Едвард Сноуден се обрати во конзулатот во аеродромот „Шереметјево“ со молба да му се даде политички азил. Јас за ова го известив раководството, после што дојде курирот и го испрати пакетот“, изјави Шевченко.

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека не располага со информација за барањето на Едвард Сноуден.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.