Independent: законот за забрана на геј пропагандата е осуден на Западот, а поздравен во Русија

Рускиот закон за забрана на геј пропагандата меѓу малолетниците предизвика критика во меѓународната заедница, пишува The Independent.

Рускиот закон за забрана на геј пропагандата меѓу малолетниците предизвика критика во меѓународната заедница, пишува The Independent. Сепак, како што забележува весникот, во Русија овој закон има голема поддршка.

Како што пишува весникот, геј-парадите во Русија регуларно се забрануваат. Дури и протестот кој се одржа викендов во Санкт Петербург, а која доби официјална дозвола од властите, заврши со мавање јајца и камења.

Bloomberg пишува дека претседателот на Русија, Владимир Путин го потпиша законот за забрана на геј пропагандата неколку дена откако Врховниот суд на САД ги израмни правата на хетеросексуалните и хомосексуалните парови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња