Наскоро во Русија за прв пат ќе биде создаден национален систем за рехабилитација и ресоцијализација на наркозависниците. Предлагачот за создавање на овој систем, Федералната служба за контрола на наркотиците, констатира дека државата ја губи борбата со сè поголемиот проблем со наркоманијата, па затоа планира да ги вклучи и приватните рехабилитациони центри во борбата против наркоманијата. За финансирање на оваа дејност таа побара околу 260 милијарди денари.
Според ФСКН, во Русија во моментов има од 7 до 8 милиони наркозависници, од кои само 600.000 се регистрирани официјално.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче