Во Русија се создава суперсонично оружје со висока прецизност

Суперсонично оружје со висока прецизност би можело да се појави во Русија од 2018 до 2026 година.

Суперсонично оружје со висока прецизност би можело да се појави во Русија од 2018 до 2026 година, изјави заменикот на министерот за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.

„Постојат извести проекти на кои работат Американците, а ние предвидуваме дека тие ќе имаат такво оружје меѓу 2018 и 2026 година. Кај нас се работи на слични проекти, така што не може само да се каже дека седиме и чекаме. Точно е, се работи на тоа и очекуваме дека отприлика во исто време ќе поседуваме такво оружје“, изјави Борисов за радиото „Ехото на Москва“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.