Пушков: „Испорачувањето на Сноуден е морално недопустливо “

Испорачувањето на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден на американските власти морално е недопустливо, изјави претседателот на комитетот за меѓународни односи во Думата, Алексеј Пушков.

Испорачувањето на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден на американските власти морално е недопустливо, изјави претседателот на комитетот за меѓународни односи во Думата, Алексеј Пушков. „Испорачувањето на политички бегалец е морално недопустливо“, напишал Пушков на Твитер.

Истовремено, претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, изјави дека судбината на Сноуден во целост се наоѓа во рацете на руските власти, и дека Кито би му дал на поранешниот соработник на ЦИА азил доколку тој се најде на територијата на Еквадор. Покасно Кореа изјави дека еквадорскиот дипломат во Лондон му издал на Сноуден заштитна повелба , но бидејќи тоа го направил без дозвола, документот не е важечки.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров истакна дека Сноуден е слободен од московскиот аеродром „Шереметјево“ да одлета каде год сака, и дека руската страна нема право да го задржи. САД во моментов преговараат со Русија за испорачување на Сноуден.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.