Депардје изјави дека се смета себе си за Русин

Францускиот актер со руско државјанство, Жерар Депардје на конференција за новинарите посветена на филмот „Рапутин“, изјави дека себе си се смета за Русин.

Францускиот актер со руско државјанство, Жерар Депардје на конференција за новинарите посветена на филмот „Рапутин“, изјави дека себе си се смета за Русин.

„Французите ме предадоа, така што сега јас се сметам за Русин, а моето срце е руско-француско“, изјави Депардје.

Депардје во историскиот филм „Распутин“ ја игра главната улога. „Не можам да кажам дека добро ја познавам руската публика, меѓутоа се надевам дека филмот ќе биде гледан од целиот свет. Со овој филм е претставена една исклучителна приказна која прикажува како се менувала руската историја. Би рекол дека историјата на Русија на некој начин е изразена преку ликот на Распутин. Долго сонував за таква улога во Франција“, истакна Депардје.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња