Турција ќе стане најголем увозник на руски гас

Турција може да стане најголем увозник на руски гас во блиска иднина.

Турција може да стане најголем увозник на руски гас во блиска иднина, изјави директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер. Тој напомна дека, според мислењето на експертите, Турција би можела да ја надмине и Германија во однос на увозот на рускиот гас.

Во блиска иднина потрошувачката на гас во Турција ќе се зголеми за 20%. Пред неколку дена Турција купи од Русија 27 милијарди кубни метри гас. Оваа година се очекува тој број да се зголеми до 30 милијарди кубни метри гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.